• сабота, 13 декември 2025

Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август

Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август

Рим, 1 август 2025 (МИА) -  Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска објави дека Италија ќе започне од 9 август со воздушни испораки на помош за населението во Газа, кое страда од последиците од повеќемесечниот конфликт.

„Дадов одобрение за мисија во која ќе бидат вклучени ресурси на Армијата и Воздухопловните сили за транспорт и воздушно испорачување на основни залихи за цивилите во Газа, кои се сериозно погодени од тековниот конфликт“, рече тој.

Како што нагласи, операцијата треба да започне во наредните часови со испраќање тим што ќе се занимава со подготвителни активности и координација со локалните власти. зш/

Остани поврзан