Италија по 10 години ги обнови летовите за Либија
- Италијанската авиокомпанија ИТА Ервејс денеска ги обнови директните летови за Триполи по 10-годишен прекин поради граѓанската војна во северна Либија, соопшти италијанската авиокомпанија.

Рим, 12 јануари 2025 (МИА) – Италијанската авиокомпанија ИТА Ервејс денеска ги обнови директните летови за Триполи по 10-годишен прекин поради граѓанската војна во северна Либија, соопшти италијанската авиокомпанија.
Италија е првата голема европска земја која ги обнови летовите со Либија, што беше најавено на крајот на минатата година.
Компанијата соопшти дека ќе има два директни летови неделно од римскиот аеродром Фиумичино до аеродромот Митига во Триполи.
Многу меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до и од Либија по избувнувањето на граѓанската војна во 2014 година меѓу две ривалски администрации на истокот и западот на земјата. јт/
Фото: ЕПА