• недела, 22 декември 2024

Италија задржа германски хуманитарен брод кој спасувал мигранти на отворено море

Италија задржа германски хуманитарен брод кој спасувал мигранти на отворено море
Во соопштението на крајбрежната стража се вели дека биле забележани 23 „неправилности“, а некои биле доволно сериозни да го задржат хуманитарниот брод „Си-еј 4“ во пристаништето Палермо се додека не се отстранат проблемите.
Минатиот месец, тој брод истовари повеќе од 400 мигранти пронајдени во шверцерски чамци на Средоземното Море во друго пристаниште на Сицилија.
Крајбрежната стража тогаш тврдеше дека бродот нема доволно опрема за спасување на повеќе од 27 лица во случај на несреќа на бродот.
Претседателот на хуманитарната организација „Си Ај“, на која и припаѓа бродот, Горден Ислер рече дека аргументот на крајбрежната стража е секогаш ист дека бродот спасува премногу луѓе од давење, иако нема доволно капацитет и потребните сертификати за таква намена. - Нашиот капетан ја извршуваше својата должност на море на примерен начин. Тој беше сведок на несреќа на море и изврши безбедно спасување. Земјите од Европската унија можеа да научат нешто од тоа, рече тој, додавајќи дека биле спасени 408 лица, од кои 105 деца.
Ислер тврди дека инспекциите во основа се користат за да се спречат понатамошни мисии за спасување. паг/

Остани поврзан