• недела, 18 август 2024

Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне,  денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Главни теми на средбата, како што е најавено, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, соработката во мировните операции и безбедносни иницијативи, процесот на трансформација и опремувањето на Армијата, oбука и вежби, капацитетите на „АП Криволак“ и искуства од операциите предводени од НАТО. аа/лв/

Остани поврзан