• среда, 17 декември 2025

Италијанската премиерка Мелони свика состанок со министрите поради иранската криза

Италијанската премиерка Мелони свика состанок со министрите поради иранската криза

Рим, 13 јуни 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони свика за денеска попладне видеоконференција со министрите и раководителите на националните разузнавачки служби во врска со најновиот напад на Израел врз Иран, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што наведуваат извори од италијанската Влада, Мелони со најголемо внимание го следи развојот на кризата во Иран, пренесе италијанската агенција Нова.

Во меѓувреме, во Министерството за надворешни работи во тек е вонреден состанок на шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани со амбасадорите на земјите од регионот погодени од израелската воена операција во Иран. рп/

Фото: АНСА

Остани поврзан