Исчистена депонијата за градежен отпад кај месноста Црвен Брег во Берово
- Во Берово реализирана акција за темелно чистење на депонијата за градежен отпад во близина на местото викано Црвен Брег. Активноста како што информираа од Општината се реализираше во соработк
Берово, 19 август 2021 (МИА) - Во Берово реализирана акција за темелно чистење на депонијата за градежен отпад во близина на местото викано Црвен Брег. Активноста како што информираа од Општината се реализираше во соработка со Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“.
-Месноста Црвен Брег често е предмет за несовесно расфрлање на отпад, за што секако најголем виновник е човечкиот фактор. Поради ова неминовно беше по кој знае кој пат да се реализираат активности за нејзино расчистување, се со цел да се елиминира загадувањето на природата, истакнаа од Општината.
Оттаму упатија апел за одржување на чиста животна средина преку почитување на работата на комуналните служби.
-Службите секојдневно ја вршат својата работа и се најодговорните за одржувањето на чиста животна средина, поради што апелираме, несовесните добро да размислат пред да го фрлат отпадот онаму каде што не му е местото, додадоа од Општината.
Потенцираат дека чистењето на дивите депонии ќе продолжи и во наредниот период, но според нив од огромна важност за спречување на загадувањето ќе биде зголемувањето на свеста кај несовесните и драконските казни за фрлање отпад на неподобни локации. вс/аа/