• петок, 20 декември 2024

Истрефи вети чесно и чисто работење и крај на корупцијата во Струга

Истрефи вети чесно и чисто работење и крај на корупцијата во Струга
Струга, 14 октомври 2021 (МИА) - Чесно и чисто работење, инвестиции и транспарентност, демократија и еднаквост за сите, од Лабуништа до Велешта, од Подгорци до Франгово, од Струга до Боровец, вети кандидатот за градоначалник на Општина Струга од Алијанса за албанците и Алтернатива, Идри Истрефи. Доколку ја добие довербата од граѓаните на претстојните локални избори, што ќе се одржат на 17 октомври, нагласи дека ќе стави крај на корупцијата и изнудувањето во општина Струга. - Не може лабуништани да бидат условени со гласање или пари за да можат да им се радуваат на сопствените куќи во Лабуништа. Со мене како управител на општината, на корупцијата и изнудувањето ќе им се стави крај, рече Истрефи. Според него, убавата природа и бачилата се на Лабуништа, а тие се за Струга и за сите туристи, кои ќе дојдат. - Лабуништа бара чист воздух, а не депонии што горат, училишта и градинки за деца, а не злоупотреби. Лабуништа бара легализација според законот, а не според желбите на Рамиз Мерко. Бара квалитетни улици, кои ќе водат до бачилата на Лабуништа, а не тендери со кои се манипулира и злоупотребува. Млади на Лабуништа, јас ви давам чесен збор дека Лабуништа и Струга ќе ги направиме поубаво место за живеење и нема да дозволиме да бидат автобуска станица за пат кон Италија, Словенија или Швајцарија, истакна Истрефи. Поддршка од лабуништани и да го дадат својот глас за кандидатот со број 6, како и за листата на совентици на Алијанса за албанците и Алтернатива побара и носителот на Нијази Џумкар. сс/свс/

Остани поврзан