• недела, 17 ноември 2024

Истражување: Девојките со поголема веројатност да го припишат неуспехот на недостаток на талент

Истражување: Девојките со поголема веројатност да го припишат неуспехот на недостаток на талент
Вашингтон, 10 март 2022 (МИА) - Поголема е веројатноста девојките да го припишат академскиот неуспех на недостаток на талент, за разлика од момчињата. Ова се резултатите од обилна студија за родови стереотипи. Студијата објавена во списанието „Science Advances“, опфаќа 500.000 студенти ширум светот, со што, има можност да споредува како се размислува од една до друга земја. Користени се податоци од програма за меѓународно оценување на ученици, спроведувана на секои три години, за да се дознае повеќе за знаењето и вештините на 15-годишни ученици во областа на математиката, читањето, науките. Истражувањето од 2018 година, ја вклучува речницата „Кога не ми оди, се плашам дека можеби немам доволно талент“. Според резултатите, во 71 од вкупно 72 земји вклучени во студијата, дури и кога перформансот бил еднаков, девојките биле повеќе наклонети кон тоа, да го препишат недостатокот на талент на неуспехот, за разлика од момчињата, кои најчесто за тоа обвинувале надворешни фактори. Единствен исклучок е Саудиска Арабија. Во богатите земји на ОЕЦД, 61 отсто од девојките се согласиле со изјавата, за разлика од 47-те проценти од момчињата. Во земјите кои не се членки на ОЕЦД, разликата е само осум проценти. Се вели и дека „колку помалку талентирани девојчињата веруваат дека се, споредени со момчињата, толку помалку имаат самодоверба, толку помалку уживаат во конкуренцијата, како и помалку се подготвени да работат во професии во кои доминираат мажи, како што се информатичката и комуникациската технологија“. бд/зш/

Остани поврзан