• петок, 17 април 2026

Кина апелира на итен прекин на огнот во Иран

Кина апелира на итен прекин на огнот во Иран

Пекинг, 24 март 2026 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Кина денеска упати апел за итен прекин на огнот на Блиски Исток и што е можно побрзо да се почне дијалог.

Апелот уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани.

Портпаролот на кинеското МНР, Лин Џиан наведе дека Пекинг се залага за прекин на непријателствата и што е можно побрзо враќање на мирот и дијалогот. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан