• понеделник, 23 декември 2024

Истражувачкиот филм „Нечиста крв“ на Меѓународен форум за новинарство во Атина

Истражувачкиот филм „Нечиста крв“ на Меѓународен форум за новинарство во Атина

Атина,  29 септември 2023 (МИА) - Документарниот филм „Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) учествува на тридневниот Меѓународен форум за новинарство во Атина, што воедно е и прво учество на новинарски тим од Северна Македонија на конференцијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Проекцијата на документарецот беше вчера, на првиот ден од форумот, а предизвика позитивни реакции за истажувчката сторија на тимот од ИРЛ.  

По проекцијата присутните имаа можност да дискутираат со уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска и режисерот на „Редакција“ Трифун Ситниковски, околу начинот на кој функционира Истражувачката репортерска лабораторија, но и за самата тема обработена во документарецот.

Новинарскиот тим од ИРЛ, односно,  Сашка Цветковска,  Трифун Ситниковски, Лила Караташева и Горијан Атанасов во разговор со дописничката на МИА од Атина, позитивно го комеентира учеството, што е прво за нив на Меѓународниот форум за новинарство во грчката престолнина.

Форумот во организација на инкубаторот за медиумско образование и развој iMEdD е годишна средба на новинарската заедница, со учество на реномирани новинари, професори и студенти по новинарство, претставници на независи медиуми и сл. 

Учесниците имаат можност да разменат мислења и искуства за теми од заеднички интерес, но и да ги истражат начините на кои иновациите и новинарството можат заеднички да го создадат следниот ден на индустријата. 

На ланскиот Форум одржан во октомври 2022 година, имаше над 1.000 учесници  кои присуствуваа на 38 сесии со 120 говорници. ср/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан