• понеделник, 23 декември 2024

Истекува повикот „RISE“ за идеи за социјален бизнис и желба за учење

Истекува повикот „RISE“ за идеи за социјален бизнис и желба за учење
Скопје, 19 септември 2021 (МИА) - Истекува повикот за проектот „RISE“ кој се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула. Здружението за социјални иновации „АРНО“ апелира до младите луѓе да ги искористат последните 7 дена за аплицирање и да се пријават за програма преку која ќе можат да развијат идеи за социјални бизниси. - Програмата која е отворена за аплицирање до 26-ти септември, е наменета за сите млади на возраст од 18 до 35 години кои треба да препознаат одреден социјален или еколошки предизвик и да оформат тим, стои во соопштението. Се дополнува дека програмата, освен менторска и експертска поддршка со успешни луѓе од земјата, нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања, а на крајот од првата фаза на идеација, два избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот, односно социјалниот бизнис. Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). ар/лв/

Остани поврзан