• петок, 22 ноември 2024

Исплатени 88,6 милиони денари на 5 400 корисници за произведено и предадено млеко

Исплатени 88,6 милиони денари на 5 400 корисници за произведено и предадено млеко

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Исплатени се 88,6 милиони денари на 5 400 корисници за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, соопшти Платежната агенција.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчомлеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.Висината на поддршката изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.,, Агенцијата денес ја изврши исплатата за произведеното и предаденото млеко во месеците Мај и Јуни 2022 година.

-Во изминатиот перидот Агенцијата ја реализираше и исплатата за предаденото млеко од Јануари – Април 2023 година со што заедно со денешната премија по овој основ се исплатени над 232 милиони денари, вели директорот на Агенцијата Никица Бачовски. мч/лв/

Остани поврзан