• петок, 05 декември 2025

Конференција „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“

Конференција „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“

Скопје, 23 јуни 2025 (МИА) - Во Стопанската комора денеска ќе се одржи конференција на тема „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“.

Конференцијата е организирана од Институтот за стандардизација и Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46, во коорганизација со Комората на овластени архитекти и инженери, Стопанска комора на Северна Македонија, Техноинспект, Кнауф, Адинг и други партнери.

Како што е најавено, во рамки на конференцијата ќе се претстави работата на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46 и неговиот придонес во областа на стандардизацијата и системите за заштита од пожар. Ќе се одржи и панел-дискусија со претставници на институции и експерти од земјата и странство.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за значењето на примената на стандардите при проектирање и изградба на објекти, како и нивната улога во унапредување на безбедноста и законската рамка во областа на противпожарната заштита.бт/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан