Исламистички бунтовници убија 30 луѓе во Конго
- Исламистички бунтовници убиле најмалку 30 луѓе во серија напади во провинцијата Северен Киву во Конго во изминатите денови, соопшти денеска официјален претставник на конгоанската војска.
Киншаса, 16 август 2025 (МИА) – Исламистички бунтовници убиле најмалку 30 луѓе во серија напади во провинцијата Северен Киву во Конго во изминатите денови, соопшти денеска официјален претставник на конгоанската војска.
Убиствата се случиле во селото Бапере, меѓу средата и петокот, според воениот управник на територијата Луберо, каде што се наоѓа селото. „Имаме и најмалку сто луѓе кои се заложници“, додаде тој.
Локални сведоци изјавија дека неколку куќи биле запалени, а жртвите главно биле убиени со ножеви.Овие напади се најнови во низата на Сојузничките демократски сили (АДФ), поврзани со Исламската држава, откако минатиот месец нивни членови убиле речиси 40 луѓе во напад врз католичка црква во Итури. Повеќето жртви тогаш биле убиени со мачети.
АДФ, со корени во соседна Уганда, делува во пограничните села меѓу Уганда и Конго. Двете земји започнаа заедничка операција против оваа група, но таа во последните месеци само ги засили нападите. Зголемената фреквенција на нападите на АДФ дополнително ги комплицира сложените безбедносни предизвици во источниот регион на Конго, каде што дејствуваат десетици други вооружени групи, а централната влада се бори против бунтовниците М23, кои ја презедоа контролата врз Гома и други клучни градови. ссм/
фото: архива