• вторник, 30 април 2024

Искршени светилки во новиот парк во Делчево 

Искршени светилки во новиот парк во Делчево 

Делчево, 3 април 2024 (МИА) - Несовесни граѓани повторно искршиле дел од украсните светилки поставени на новиот парк изграден во вид на трибини во строгиот центар на Делчево. Случајот е регистриран од Општина Делчево од каде изразија згрозеност од ваквиот чин, напоменувајки дека се повторува неславната традиција на уништување јавни добра во градот.

-Продолжува неславната традиција за уништување урбана опрема поставена на јавните површини. Општина Делчево изразува згрозеност од овој чин и апелира до  граѓаните да се грижат за општинскиот имот, велат од Општина Делчево. 

Општина Делчево по службен пат достави пријава до надлежните институции кои водат истрага за разрешување на случајот.

-Крадењето или уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства. Затоа уште еднаш апелираме на совесност кај граѓаните, додадоа од Општината.

Вандалскиот чин го осуди и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој очекува сторителите да бидат откриени и соодветно казнети. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан