• петок, 23 август 2024

Иселеник од Велебрдо донираше возило за итна помош во Здравствениот дом во Ростуше

Иселеник од Велебрдо донираше возило за итна помош во Здравствениот дом во Ростуше

Дебар, 23 август 2024 (МИА) - Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше доби нова донација од иселеник од овој крај, што е уште една потврда за поврзаноста и љубовта кон родниот крај.

- Добивме ново, целосно опремено возило за итна помош. Тоа е донација на иселеник од село Велебрдо, кој живее и работи во Швајцарија, но сакаше да остане анонимен. Од мое име, од вработените и од жителите од поширокиот регион голема благодарност и за него и за сите кои до сега ја помогнале нашата здравствена установа, рече за МИА Омер Дурмиши, директор.

Додаде дека неодамна, нова, последователна помош установата доби од хуманитарното друштво „Letzcare“, што го предводи иселеникот Сафет Алили по потекло од село Присојница,  кој со семејството живее во Луксембург. 

Донацијата се состоеше во ехо апарат, инвалидски колички, ролатори, помагала за движење и туширање, специјални униформи за персоналот на службата за итна помош, како и широка лепеза на медицински материјал. 

Додава дека тоа следувало по направената детална анализа за тоа што и е најнеопходно на установата, во која услуга добиваат и жители на соседните општини. вт/мд/


 Фото: Здравствен дом-Ростуше и МИА 

 

 

 

Остани поврзан