• четврток, 21 ноември 2024

Иселеникот од Река, Алили со донации на медицински помагала за скопските клиники

Иселеникот од Река, Алили со донации на медицински помагала за скопските клиники

Дебар, 12 декември 2023 (МИА) – Познат по својата хуманост, Сафет Алили, од долнореканското село Присојница, иселеник во Луксембур, продолжува со неговата хуманост. Деновиве тој донираше медицински помагала за неколку скопски клиники.

- По донацијата во Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше, деновиве доставивме донација од медицински помагала, инвалидски колички, дигалки за пациенти и друго и за потребите на Клиниките за онкологија, трауматологија, хирургија, ортопедија, во Скопје, онаму каде што во мометов се најпотребни. Дел од помошта ќе има и за Општата болница во Дебар. Овој пат станува збор за над 500 медицински помагала, рече Алили за МИА.

Додава дека ова е трет хуманитарен проект што го реализира заедно со неговите најблиски преку хуманитарната асоциација „Letzcare“ во Луксембург, каде што живее со фамилијата, а тука во татковината главни партнери им се Здравствениот дом во Ростуше, општина Маврово и Ростуше и Националниот парк „Маврово“.

- Помошта никогаш не е доволна. Свесни сме дека истата им е потребна и на други. Продолжуваме со мотото „материјалното богатство споделете го со друг, оној кому му е потребно“. Ова е трет проект. Почетокот беже тежок но сега нештата се поедноставени. Со првиот проект дониравме медицински помагала, опрема, апарати за Здравствениот дом во Ростуше и Заводот за белодробни заболувања во Отешево, за каде беше донирана помош во рамки на второт проект. Со третиот проект, освен медицински помагала дониравме и учиштен инвентар, додава тој.

Се подготвуваат и за следена донација, која ќе се состои од 100 компјутери наменети за училиштата во општина Маврово и Ростуше, за што се чека само на потребната административна процедура.

Родителите на Сафет Алили потекнуваат од селото Присојница, Долна Река, општина Маврово Ростуше, роден е и живел во Тетово, а од 1991 година живее во Луксембург, со неговото и семејствата на неговите браќа, кои заедно се вклучени во хуманитарните активности.

-Кога доаѓам во татковината тогаш тоа е Присојница, тука ми е најубаво. Апелирам татковината да ја помагаат и други наши иселеници, зашто таа се сака со дела а не само со зборови, порачува Алили. вт/цр

 

Фото: „Letzcare“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан