• вторник, 25 јуни 2024

Ирвинг е среќен што се приклучува на Далас и Лука Дончиќ

Ирвинг е среќен што се приклучува на Далас и Лука Дончиќ

Далас, 6 февруари 2023 (МИА) – Големата НБА-ѕвезда, Кајри Ирвинг ќе се пресели од Бруклин нетс во Далас маверикс.

Според инсајдерот Крис Хејнс, Ирвинг е „воодушевен“ од размената и со нетрпение чека да се приклучи на екипата од Тексас и лидерот на тимот Лука Дончиќ.

Нетс во замена за Ирвинг ќе ги добијат Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит, незаштитен пик од првата рунда во 2029 година и два пика од втората рунда (2027 и 2029 година).

Далас маверикс со трејдот ќе го добие од Бруклин нетс и Маркиф Морис. зс/

Остани поврзан