• сабота, 18 мај 2024

Ирвинг: Ако не сезонава, Дончиќ во блиска иднина ќе стане МВП

Ирвинг: Ако не сезонава, Дончиќ во блиска иднина ќе стане МВП

Далас, 11 април 2024 (МИА) – Членот на Далас маверикс, Кајри Ирвинг е убеден дека Лука Дончиќ може да го добие признанието за најкорисен играч во НБА-лигата.

Тој смета дека титулата МВП му е на дофат на словенечкиот кошаркар.

- Ние во соблекувалната и во целиот клуб знаевме колку посебна ќе биде оваа година, врз основа на тренинзите, играта на Лука, неговата сигурност, неговиот развој на лидерски вештини. Неговиот пристап кон мотивирање на другите играчи, вклучително и мене. Тој оди по својот пат, тоа е знак за вистински МВП. Неговата статистика зборува сама по себе. Тој го носеше тимот на раменици кога не можев да му помогнам. Значи има многу фактори во негова корист. Како негов брат, го поддржувам во оваа трка и сакам да победи. Дури и ако ова не се случи оваа година, тоа дефинитивно ќе се случи во блиска иднина, истакна Ирвинг.

Со доаѓањето на Ирвинг во Далас минатата година, тимот е многу поконкурентен за највисок пласман. По 80 одиграни натпревари има биланс 50 победи и 30 порази и се наоѓа на 5. место во Западната конференција на НБА-лигата. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан