• недела, 21 јули 2024

Ирачките безбедносни сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија

Ирачките безбедносни сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија

Багдад, 11 јуни 2024 (МИА) – Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти денеска ирачката служба за национална безбедност.

Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД.

Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан