• среда, 15 јануари 2025

Иран ќе протера околу два милиони илегални мигранти до март 2025 година

Иран ќе протера околу два милиони илегални мигранти до март 2025 година

Техеран, 10 септември 2024 (МИА) – Властите во Иран планираат до крајот на март мерки за депортација на околу два милиони луѓе без статус на легален престој, соопшти командантот на безбедносните сили, Ахмад-Реса Радан.

Во Иран со месеци се води дебата за големиот број мигранти од соседен Авганистан, кои бегаат од својата земја откако талибанците ја преземаа власта во 2021 година.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ескандар Момени ја нагласи маката на Авганистанците, велејќи дека тие се „културни луѓе“, но додаде дека Иран „не може да прими толку многу мигранти“.

Околу 4,5 милиони авганистански бегалци моментално живеат во Иран, многу од нив без дозвола за престој, според Агенцијата за бегалци на ОН. Според иранските медиуми, неофицијалната бројка е многу поголема. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан