Иран јавно ѝ се заблагодари на Русија за поддршката по нападот на САД и Израел
- Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран ѝ е благодарен на Москва за поддршката што Русија ја пружи за време на нападот на САД и Израел врз Иран.
Москва, 17 декември 2025 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран ѝ е благодарен на Москва за поддршката што Русија ја пружи за време на нападот на САД и Израел врз Иран.
Тој го изјави ова на состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесуваат локалните медиуми.
- Би сакале да ѝ се заблагодариме на Русија за поддршката во моментот кога САД и ционистичкиот режим го нападнаа Иран, рече Арагчи, нагласувајќи го значењето на политичката и дипломатската поддршка од Москва.
Истовремено, иранскиот шеф на дипломатијата оцени дека руско-иранските односи се повеќеслојни и сеопфатни, наведувајќи дека добиле дополнителен замав по потпишувањето на договорот за стратешки односи меѓу двете земји. Според него, тој документ создал поцврста основа за понатамошен развој на билатералните контакти и соработката во повеќе области.
Ноќта на 22 јуни, американското воено воздухопловство изврши напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан. Американскиот претседател Доналд Трамп тогаш изјави повод дека врз постројката во Фордо, која ја означи како „главна цел“ на операцијата, бил фрлен „цел комплет бомби“. јт/сд/
Фото: ЕПА