• четврток, 26 март 2026

Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта

Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта

Teхеран, 13 јуни 2025 (МИА) - Најмалку 95 лица се повредени на целата територија на Иран во серијата напади извршени од Израел, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на изјава на ирански функционер за Иранската државна телевизија.

„До моментов, 95 лица се повредени и однесени во медицински центри во 12-те различни провинции каде што беа извршени нападите“, изјави Моџтаба Халеди, портпарол на Националната служба за итни случаи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан