• петок, 05 декември 2025

Иран развива суперсонична крстосувачка ракета

Иран развива суперсонична крстосувачка ракета

Техеран, 9 август 2023 (МИА) - Иран развива суперсонична крстосувачка ракета што сè уште се наоѓа во фаза на тестирање, објави денеска државната агенција Тасним. 

Ракетата е дизајнирана и произведена од ирански експерти, откако иранските власти ја добиле технологијата за изградба на суперсонична крстосувачка ракета. 

Суперсоничната ракета ќе отвори ново поглавје во иранските одбранбени технологии бидејќи е исклучително тешко да се пресретне крстаречка ракета која лета со суперсонична брзина, наведува иранската агенција. 

Оттаму додаваат дека развојот на суперсонична ракета во голема мера ќе ја зголеми моќта на одговор на Иран во случај на каков било воен конфликт, како и дека ќе спречи потенцијален напад од страна на инвазиски сили. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан