• петок, 27 декември 2024

Иран планира да испрати ракети, дронови и повеќе воени советници во Сирија

Иран планира да испрати ракети, дронови и повеќе воени советници во Сирија

Техеран, 6 декември 2024 (МИА) - Иран планира да испрати ракети и дронови во Сирија и да го зголеми бројот на своите воени советници таму за да му помогнат на претседателот Башар ал Асад во неговата борба против бунтовниците, соопшти висок функционер на Исламската Република.

-Техеран веројатно ќе мора да испрати воена опрема, ракети и беспилотни летала во Сирија... Техеран ги презеде сите неопходни чекори за да го зголеми бројот на своите воени советници во Сирија и да распореди сили, изјави иранскиот претставник.

Тој додаде дека „Техеран во моментов и обезбедува на Сирија разузнавачка и сателитска поддршка“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан