• петок, 05 декември 2025

Иран очекува Русија да игра активна улога во конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон

Иран очекува Русија да игра активна улога во конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон

Техеран, 23 јуни 2025 (МИА) - Иран очекува Русија да игра активна улога во актуелниов момент на конфликт меѓу Техеран и Вашингтон, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

-Иран, во рамките на сеопфатното стратешко партнерство со Русија, има специфични очекувања од оваа земја, како на мултилатерално ниво, особено во Советот за безбедност на ОН, така и на регионално ниво, изјави ирански функционер, пренесуваат британските медиуми.

Багеи додаде дека денешната посета на шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, на Москва и планираните средби со руски претставници се сметаат за многу важни.

Кремљ претходно потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со иранскиот министер Арагчи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан