• петок, 08 ноември 2024

Иран нема да испраќа свои борци во Либан и Палестина, тие се доволно силни сами да се спротивстават

Иран нема да испраќа свои борци во Либан и Палестина, тие се доволно силни сами да се спротивстават

Техеран, 30 септември 2024 (МИА) – Иран нема да распореди борци во Либан и Газа за да се соочи со својот заколнат непријател Израел, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи, додека Израел продолжува со нападите врз групите поддржани од Техеран во регионот.

-Владите на Либан и Палестина имаат доволно капацитет и сила да се соочат со агресијата на ционистичкиот режим и нема потреба од распоредување помошни или доброволни ирански сили, рече портпаролот на иранското МНР, Насер Канани на редовна прес-конференција.

Израел во последните неколку дена изврши неколку напади против групите поддржани од Иран, вклучително и моќниот Хезболах во Либан и јеменските Хути.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан