Ирански проектили и дронови погодија аеродром во Азербејџан
- Проектили и дронови од Иран денеска паднаа врз подрачјето на аеродромот во азербејџанската енклава Нахчиван и неговата околина, изјави неименуван извор од владата на Азербејџан
Баку, 5 март 2026 (МИА) – Проектили и дронови од Иран денеска паднаа врз подрачјето на аеродромот во азербејџанската енклава Нахчиван и неговата околина, изјави неименуван извор од владата на Азербејџан.
Засега е непознато колку проектили и дронови паднале на подрачјето на аеродромот, а според првичните информации две лица се повредени.
Аеродромот се наоѓа на околу 10 километри од границата со Иран.
Нахчиван е енклава одвоена од Азербејџан со територијата на Ерменија, а се граничи со Иран и Турција. ми/сд/
фото: Икс