Иран го разгледува предлогот за петтиот круг преговори со САД
- Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади денеска изјави Техеран го добил предлогот за петтиот круг преговори со САД за нуклеарната програма
Техеран, 20 мај 2025 (МИА) – Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади денеска изјави Техеран го добил предлогот за петтиот круг преговори со САД за нуклеарната програма.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена го повика Иран побрзо да дејствува побрзо по прашањето на преговорите.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изрази сомнеж дека преговорите со САД ќе доведат до договор.
- Не мислам дека нуклеарните преговори со САД ќе донесат резултати, наведе Хамнеи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на минатонеделната посета на земјите од Персиски Залив, наведе дека САД и Иран се многу блиску до договор, но оти Техеран мора брзо да дејствува.
Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изминатите четири години напредуваше иранската нуклеарна програма и е поблиску од кога било до производство на нуклеарно оружје, со сегашните резерви од 60 отсто збогатен ураниум, доволни за шест нуклеарни бомби, доколку се збогати до 90 отсто.
Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат, Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто. ми/
фото: МИА архива