• сабота, 21 декември 2024

Иран бара зголемена разузнавачка соработка со Русија пред можната одмазда на Израел

Иран бара зголемена разузнавачка соработка со Русија пред можната одмазда на Израел

Техеран, 5 октомври 2024 (МИА) - Иран побара зголемена сателитско-разузнавачка соработка со Русија, со цел да добие рано предупредување за можен израелски одмазднички напад, според двајца ирански функционери, пренесува ХРТ.

Иранските ракетни сили и противвоздушната одбрана се во состојба на висока готовност за одбрана од потенцијален заеднички напад на САД и Израел, и се подготвени да одговорат на таков напад.

Се претпоставува дека, доколку дојде до напад, Иран би можел да нападне американски воени бази низ целиот Блиски Исток, додека дополнителни танкери за гориво, придружувани од F-22, F-16 и F-15E авиони, веќе се распоредени во регионот, известуваат набљудувачи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан