• сабота, 06 декември 2025

Иранскиот претседател ја повикува нацијата да се обедини во услови на континуирани израелски напади

Иранскиот претседател ја повикува нацијата да се обедини во услови на континуирани израелски напади

Техеран, 16 јуни 2025 (МИА) - Иранскиот народ мора да ги остави настрана своите разлики и да се обедини во услови на континуирани израелски напади, изјави претседателот на Исламската Република, Масуд Пезешкијан, во обраќањето пред парламентот, цитирано од агенциите.

-Ние не ја сакавме оваа војна, ниту пак сме ние тие што ја започнаа. Не бевме ние тие што убија високо рангирани војници и научници, туку тие терористи убија, изјави тој пред Меџлисот. „Ние не сме агресори. Сега ни требаат единство и кохезија повеќе од кога било. Целиот ирански народ мора да се обедини и решително да се спротивстави на оваа криминална и геноцидна агресија.“

Во меѓувреме, Исламската Република погуби човек прогласен за виновен за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс, именувајќи го како Есмаил Факри.

Ова е трета егзекуција во последните неколку недели под обвинение за шпионажа за Израел. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан