Иранскиот напад врз Израел е „легален рационален и легитимен одговор“, соопшти иранската мисија во ОН
Њујорк, 1 октомври 2024 (МИА) - Нападот на Иран врз Израел е „легален, рационален и легитимен одговор на терористичките акти“, соопшти денеска иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк на социјалната мрежа Х.
„Доколку ционистичкиот режим се осмели да одговори или да изврши дополнителни злонамерни дејствија, ќе следи голем одговор. Регионалните држави и ционистичките поддржувачи се советуваат да се оградат од режимот“, напиша мисијата.
Во меѓувреме, висок ирански функционер изјави за западни медиуми дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи дал наредба ракети да бидат истрелани кон Израел. Тој додаде дека Техеран „е целосно подготвен за каков било одговор“. зш/