• четврток, 21 ноември 2024

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Хамнеи ја остави отворена можноста за обновување на преговорите со САД

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Хамнеи ја остави отворена можноста за обновување на преговорите со САД

Техеран, 27 август 2024 (МИА) - Иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи денеска изјави дека ја остава отворена можноста за обновување на преговорите со САД во врска со забрзаната иранска нуклеарна програма, порачувајќи ѝ на иранската Влада дека „нема пречка за влегување во преговори со непријателот“.

Изјавите на Хамнеи поставуваат јасни црвени линии за какви било преговори што се одвиваат под покровителство на владата на реформистичкиот претседател Масуд Пезешкијан, со постојано предупредување дека „не може да и се верува на Америка“, пренесуваат светските агенции.

Последните коментари на иранскиот ајатолах може да се споредат со оние од 2015 година кога Иран постигна нуклеарен договор со светските сили што резултираше со ограничување на нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на економските санкции. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан