• недела, 22 декември 2024

Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања

Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања

Багдад, 13 август 2023 (МИА) - Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани.

Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина.

Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните.

Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан