• четврток, 21 ноември 2024

Ипсвич се врати во Премиер лигата по 22-годишно отсуство

Ипсвич се врати во Премиер лигата по 22-годишно отсуство

Ипсвич, 4 мај 2024 (МИА) - Ипсвич Таун ќе игра во Премиер лигата за прв пат од 2002 година. Тимот го обезбеди второто место во конечниот пласман на Чемпионшип, откако во последното коло победи со 2-0 на домашен терен против Хадерсфилд. Тимот на Киран Мекена имаше три бода предност пред Лидс и пред последните натпревари и му требаше бод и тој ќе си ја заврши работата и ќе игра во првата лига.

Ипсвич освои втора промоција по ред, откако минатата година заврши на второто место во Лига 1, „Тракторите“ му се приклучија на Лестер, кој претходно го освои Чемпионшип и обезбеди враќање во Премиер лигата.

Лидс ќе се соочи со Норич во полуфиналето од плеј-офот, додека Саутемптон ќе се судри со Вест Бромвич Албион. Првите натпревари се на 12 мај.

Бирмингем, Хадерсфилд и Ротерам испаднаа во третата лига на англискиот фудбал. дс

Фото: Ипсвич

Остани поврзан