• недела, 22 декември 2024

ИОМ: Минатата година загинале 8.565 мигранти, што е најсмртоносен биланс досега 

ИОМ: Минатата година загинале 8.565 мигранти, што е најсмртоносен биланс досега 

Женева, 6 март 2024 (МИА) - Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (ИОМ) денеска објави дека најмалку 8.565 лица загинале на миграциските рути во 2023 година, што ја прави минатата година најсмртоносна година за мигрантите.

Во соопштение ИОМ наведува дека „бројот на жртви во 2023 година претставува трагично зголемување од 20 отсто во споредба со 2022 година и укажува на итната потреба од акција за да се спречи натамошна загуба на животи“.

Пред 2023 година, најмногу мигранти загинале во 2016 година- 8.084.

Од ИОМ посочуваат дека најголем број мигранти и натаму умираат на маршрутите преку Медитеранот.

Минатата година во Средоземното Море беа регистрирани повеќе од 3.000 смртни случаи и исчезнувања.

фото:МИА архива

Остани поврзан