• недела, 22 декември 2024

Инфлацијата во Германија во март е потврдена на 2,2 отсто, и е најниска во последните речиси три години

Инфлацијата во Германија во март е потврдена на 2,2 отсто, и е најниска во последните речиси три години

Берлин, 12 април 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлацијата во Германија во согласност со претходните прелиминарни проценки, од февруарските 2,5 отсто, во март се намали на 2,2 отсто и сега е најниска од мај 2021 година, соопшти денеска германскиот Сојузен завод за статистика (Дестатис).

Во март цените на енергенсите беа за 2,7 отсто пониски во однос на истиот месец минатата година, а цените на храната се намалија на годишно ниво за прв пат од февруари 2015 година, за 0,7 отсто, се наведува на веб-страницата Дестатис.

Спротивно на тоа, инфлацијата во германскиот услужен сектор се зголеми од февруарските 3,4 отсто на годишно ниво, на 3,7 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна на 3,3 отсто во март и сега е најниска од јуни 2022 година. На месечна основа, цените во Германија во март се зголемиле за 0,4 отсто. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан