• вторник, 30 април 2024

Интер по 20 пат шампион на Италија

Интер по 20 пат шампион на Италија

 

Милано, 22 април 2024 (МИА) – Фудбалерите на Интер успеаја да забележат вечерва победа од 2-1 во градското дерби против Милан и со тоа да ја обезбедат 20 титула во клупската историја, престигнувајќи го токму Милан на вечната листа.

Интер поведе во 18. минута кога Франческо Ачерби беше највисок во скокот по изведениот корнер и со глава ја затресе противничката мрежа.

Турам на почетокот на вториот период зголеми на 2-0, во 49. минута.

Надежта на Милан ја врати Томори, кој беше прецизен во 80. минута, но црвено – црните немаа сили да избегнат пораз.

За Интер ова е јубилејна 20 шампионска титула, а прва по 2021 година. Интер сега се врати на второто место на вечната листа. Недостижен е Јувентус со 36 титули, додека трет е Милан со 19. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан