• недела, 22 декември 2024

Интер подготвен да го продаде Мартинез за 80 милиони евра

Интер подготвен да го продаде Мартинез за 80 милиони евра
Милано, 3 април 2022 (МИА) - Интер е подготвен да ги разгледа понудите за продажба на напаѓачот Лаутаро Мартинез. Клубот од Милано бара најмалку 80 милиони евра за својот фудбалер, објави „Calciomercato“. За 24-годишниот Аргентинец заинтересирани се англиските Челзи и Арсенал. Неговиот договор со Интер истекува во 2026 година. Претходно имаше информации дека за Мартинез е заинтересиран и Атлетико Мадрид. Напаѓачот оваа сезона постигна 16 голови и имаше три асистенции на 39 натпревари. зс/

Остани поврзан