• петок, 05 декември 2025

Интер Мајами преговара со Меси за нов договор

Интер Мајами преговара со Меси за нов договор


Мајами, 8 јули 2025 (МИА) – Раководството на Интер Мајами преговара со Лионел Меси за нов договор што би го задржал аргентинскиот фудбалер во Флорида уште најмалку една сезона, јавија американските медиуми.
Меси пристигна во Интер во јули 2023 година од ПСЖ без обесштетување и убедливо е најплатениот фудбалер во американската играч во МЛС со годишна плата од 19 милиони евра,
Меси досега одигра 64 натпревари за клубот од Мајами, на кои постигна 52 гола, а додаде и 25 асистенции.
„Мојот сон е Меси да го отвори нашиот нов стадион. Сакам да ја заврши својата играчка кариера во нашиот клуб и се надевам дека наскоро ќе можеме да им ја соопштиме добрата вест на нашите навивачи“, изјави еден од сопствениците на Интер, Хорхе Мас.
Актуелниот договор на триесетиосумгодишниот Меси со Интер истекува на последниот ден од оваа година.
„Оптимист сум бидејќи направивме сè за Лео да се чувствува како дома“, додаде Мас.
Новиот стадион „Мајами Фридом Парк“ ќе биде отворен на почетокот на следната година. Во моментов, Интер ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Чејс“ во Форт Лодердејл. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан