• четврток, 04 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Интер е лидер по приходи од ТВ права во Серија А

Интер е лидер по приходи од ТВ права во Серија А

Рим, 31 јули 2025 (МИА) - Интер стана лидер по приходи од ТВ права помеѓу клубовите од Серија А во сезоната 2024/25, објави „Газета дело Спорт“.

Клубот од Милано доби 81,6 милиони евра од ТВ права.

Во Топ 5 на оваа листа покрај Интер се: Наполи - 67,8 милиони евра, Јувентус - 67,7 милиони евра, Милан - 67,3 милиони евра и Рома - 61,2 милиони евра.

На крајот од сезоната 2024/25, Наполи ја освои Серија А, Интер се најде на второто место, а Аталанта на третото. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан