Интер го победи Милан во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите
- Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0.

Милано, 10 мај 2023 (МИА) - Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0.
Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“.
Реваншот ќе се игра на 16 мај.
На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити вчера одиграа нерешено 1:1. зс/
Фото: Фејсбук