• среда, 29 ноември 2023

Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ по втор пат од 27 до 30 септември

Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ по втор пат од 27 до 30 септември

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и малдинци - Скопје ќе го отвори второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ кое ќе се одржи од 27 до 30 септември под мотото „Ослободи ја својата фантазија“.

Фестивалот годинава е поддржан од Минситерството за култура, а претставите се изведуваат на сцните на ТДМ, Театар Комедија, МНТ, Албански театар за деца и млади. Цената на билетите е 200 денари.

На денешната прес-конференција по повот Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, директорката на Театарот за деца и младинци, Катарина Илиевска Силјановска, истакна дека покрај гостите од нашата земја, од Битола ( театар „Бабец“) и од Детскиот албански театар, на фестивалот ќе има гости и од Љубљана, Словенија, од Шпанија, од Србија – Белград и Крагуевац и од Хрватска – Загреб и Ријека.

 - Ќе имаме вкупно осум претстави во официјална конкуренција и нашата претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ која ќе го отвори фестивалот и нема да учествува во натпреварувањето, истакна директорката.

Како што истакнаа, овогодишната програма е посветна на малите театарски форми, а фестивалот и оваа година покрај ГРАН ПРИ наградата доделува награда за најдобра режија, две актерски награди, сценографија, коситмографија и специјална награда.

Стручното жири е во состав на режисерот Тин Грабнар од Словенија, кој ќе биде претседател и членовите -  актерот Драган Довлев, актуелен претседател на Советот на фестивалот и Миливоје Млаѓеновиќ, театролог и поранешен директор на Стеријин театар.

 - Оваа година ќе има и детско жири кое ќе има задача да ја оцени и награди најдобрата претстава на фестивалот, по нивен избор, соопштија организаторите.

Во рамките на програмата на фестивалот, публиката ќе има можност да ги проследи претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „Грешка 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија.

 - Од годинава фестивалот „Игор Маџиров“ почнува соработка и со Факултетот за драмски уметности, каде што ќе се одржи работлница за куклен театар наменета за студентите и веќе диполомираните актери и режисери, а истата ќе биде предводена од актерката и режисерка Тамара Кучиновиќ, професорка по куклен театар од Факултетот за драмски уметности во Осијек, Хрватска, истакнаа организаторите.

Тие додадоа дека во рамките на фестивалот ќе има уште една работилница наменета за деца и наставници, на тема „Куклен театар“, предводена од режисерот Давор Драгојевиќ од Подгорица, Црна Гора. сан/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан