Интензивно се работи на реконструкција на училишната зграда во Башино Село, велешко
- Продолжуваат градежните зафати за целосна реконструкција на училишната зграда во велешко Башино Село, со што ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на наставата. Со оваа инвестиција долгогодишните проблемите со кои што се соочуваат наставниот кадар и учениците во подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село поради дотрајаноста на училишната зграда ќе бидат надминати, потенцираат од Општина Велес.
Велес, 4 ноември 2025 (МИА) - Продолжуваат градежните зафати за целосна реконструкција на училишната зграда во велешко Башино Село, со што ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на наставата. Со оваа инвестиција долгогодишните проблемите со кои што се соочуваат наставниот кадар и учениците во подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село поради дотрајаноста на училишната зграда ќе бидат надминати, потенцираат од Општина Велес.

Инаку, оваа инвестиција е над 3,5 милиони денари и заедно со добиениот проект од општината, а одобрен од Владата во јули годинава за уредување на влезот на Башино Село од фирмата „ЕНМОН“ до чешмата среде Башино Село во висина од 16,7 милиони денари, инвестиции за жителите на ова населено место се над 20 милиони денари.
На барање на жителите од Башино Село неодамна се бетонира улицата од чешмата до трансформаторот над „Сокара Папаз“ во вредоност од 5 милиони денари.
-Рамномерниот развој е многу важен за сите жители на Општина Велес, пред се затоа што подобрувањето на условите значат исти можности за сите ученици и во селата и во градот, потенцираат од Општина Велес.ад/вј/
Фото: Општина Велес