• сабота, 18 мај 2024

Инструктор од САД ги обучуваше тетовските полицајци за специјални интервенции

Инструктор од САД ги обучуваше тетовските полицајци за специјални интервенции

Тетово, 18 февруари 2023 (МИА) - Тетовските полицајци денеска имаа обука од инструктор од Соединетите Американски Држави (САД), кој им прикажа како да постапат при приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки.

Обуката се одржуваше во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

е одржа обука во рамките на која инструкторот во Единицата за обука и подготовки на полициски службеници при специјални интервентни акции  S.W.A.T., Уликс Ѓонај, практично ги обучуваше полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, Oдделот за обезбедување личности и објекти, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за обука и поддршка за постапување при специјални интервенции и тоа: приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Портпаролот на СВТ Тетово соопшти и дека полициските службеници кои присуствувале на обукатаимаа можност со одбранбени зафати и постапки на практичен начин да ги извежбаат најмодерните и ефективни тактики при постапување во специјални и ризични задачи.ас/свс/

Остани поврзан