• понеделник, 20 мај 2024

Институт за проучување на војната: Украинците напредуваат кај Бахмут

Институт за проучување на војната: Украинците напредуваат кај Бахмут

Вашингтон, 30 јули 2023 (МИА) - Украинските сили извршија контраофанзивни операции на најмалку три дела од фронтот, соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ).

Американскиот тинк-тенк,  во својата дневна проценка, соопшти дека војниците постигнуваат напредок во некои области.

Геолокацираните снимки на ИСВ потврдиле дека украинските сили напредуваат во близина на северозападното предградие Курѓумивка, околу 12 километри југозападно од Бахмут. Други снимки покажуваат како украинските војници напредуваат на позициите во близина на северното предградие Пријутно во пограничниот регион Доњецк-Запорожје.

Руски извори тврдат дека украинските сили продолжиле со нападите јужно од Бахмут, според ИСВ. ссм/

Остани поврзан