• недела, 16 јуни 2024

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ објавува конкурс за најдобар есеј

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ објавува конкурс за најдобар есеј
Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува конкурс за најдобар есеј за три категории - ученици од основни, ученици од средните училишта и студенти.
 
Темата за учениците од основните и средните училишта е „Јазикот наш денешен“. Пријавата е достапна на линкот, а учениците од средните училишта може да се пријават на овој линк
 
За студентите темата е „Што направивме и што треба да направиме за македонскиот јазик“ и тие можат да се пријават на линкот.
 
Конкурсот трае до 10 април годинава, а резултатите ќе бидат објавени на 5 мај, по повод Денот на македонскиот јазик, на огласната табла и на веб-страницата на Институтот.
 
Наградите ќе бидат врачени на 28 јуни при одбележувањето на јубилејот, во рамки на Отворените денови на Институтот.
 
Комисијата ќе додели дипломи и награди за трите најдобри есеи. Спонзори на наградите се издавачките куќи „ТРИ“ „Антолог“ и „Култура“.бт/бак/

Остани поврзан