• среда, 10 јули 2024

Институтот за акредитација прва државна институција наградена за општествена одговорност

Институтот за акредитација прва државна институција наградена за општествена одговорност

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) денеска, во рамки на настанот по повод Светскиот ден на акредитацијата, 9 Јуни, ќе добие награда за општествена одговорност и со тоа ќе биде првата државна институција која добила вакво признание.

-На Институтот денеска ќе му биде доделена наградата за општествена одговорност. Ние сме прва државна институција што ја добива оваа награда зашто нашата работа е поврзана со подобрување на квалитетот во сите сегменти на живеењето, почнувајќи од стопанството, но се однесува и на здравјето, на безбедноста на храната, на заштитата на животната средина,..., изјави директорот на Институтот, Слободен Чокревски.

Светскиот ден на аредитацијата се одржува под мотото „Акредитација: Зајакнување на утрешнината и обликување на иднината“. Во рамки на настанот по овој повод ќе биде промовиран Билтенот за работа на ИАРСМ за 2023 година и ќе им бидат врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оценка на сообразност во периодот јуни 2023 – јуни 2024 година. мч/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан