• четврток, 04 декември 2025

Инсталација „Лумина“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Инсталација „Лумина“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
Куманово, 16 септември 2022 (МИА)-Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде претставена инсталацијата „Лумина“ од авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски. Кумановци ќе имаат можност да ја проследат инсталацијата со повеќе објекти со аплицирани лед светла. Ова прв проект на овие двајца млади автори од Куманово.
- Проектот „Лумина“ – Славење на светлината, е празнување на основата на целото постоење. Изложбата е замислена како уживање и играње со светлината. Ние како уметничко дуо кое се занимава со вајарство, дигитално сликарство и дизајн нудиме можност да се види трансформацијата на еден простор со уметнички инсталации со светлина, хармонија на форми, бои и амбиент со цел, кај гледачот да се разбуди чувство на благодарност кон светлината како темел на сè, велат авторите за проектот „Лумина“. Владимир Николовски е роден во Куманово во 1995 година, завшил средно училиште при ДУСЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје на отсекот вајарство,дипломирал на Факултет за драмски уметности – Скопје на отсек театарска режија. Тој работи како ликовен уметник и театарски режисер. Марио Стошевски е роден 1995 година во Куманово. Средно образование завршува во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје на отсек вајарство. Тој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек графика и работи како илустратор и слободен уметник. Инсталацијата ќе биде поставена до 22 септември годинава.ам/ир

Остани поврзан