Инспектори на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници
- Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамки на редовните работни задачи во текот на изминатите денови исконтролирале над 40 превозници, при што се утврдиле неправилности и одзеле

Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамки на редовните работни задачи во текот на изминатите денови исконтролирале над 40 превозници, при што се утврдиле неправилности и одзеле девет сообраќајни дозволи на диви превозници, информираше денеска прес-службата на Град Скопје.
Оттаму најавија дека продолжуваат со засилените инспекциски надзори за да се овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел, како што велат, сузбивање на дивите превозници на територијата на градот.
- Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на Град Скопје.фф/лв/